Notes
Стануеш насабајле, цел/а поспан/а и успорен/а си праиш кафе, седнуваш на лаптоп, си пушташ музиче и полека се расонуваш; доаѓаш дома од работа, набрзина се тушираш да трнеш тоа 30 и кусур степените од тебе, отвараш ладно пиво, се оптегнуваш на кауч, креваш нозе на маса и пушташ музиче; викенд е, се возиш у кола, си пушташ музиче; у парк си, седиш на трева покрај езерце, под дрво на сенка, си пушташ музиче; таман се стемнило, може да се дише надвор колку-толку, седнуваш на тераса да фатиш некој посвеж воздух, си пушташ музиче... Нека тоа музиче биде чил, не ти требаат узурпации оф ени кајнд.
Google translate it!
Comment on this mix